БМВ Икс-7 со нова изменета надворешност

Јапонскиот гигант „Валд“ подготви нов надворешен изглед за „БМВ Икс-7“, а судејќи според објавените фотографии, се чини дека направиле фантастична работа за да го направат автомобилот уште поизразен.

Новата изменета надворешност не изгледа воопшто наивно, а се работи за преден браник кој е прилично агресивен, и нов заден браник на праговите со дифузер и заден спојлер.

На предниот браник има дополнителни „скриени“ ЛЕД-светла, а поради помасивните прагови, „Икс-7“ изгледа и поширок.

Теренецот доби и комплет тркала од 24 инчи, а на задниот браник е додадено стоп-светло.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното