БМВ-то на Бугарин ограбено во Скопје на Илинденска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години, осомничени за извршување на кривичното дело – Тешка кражба, казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 10 јануари на паркинг на булеварот „Илинденска“. Осомничените, со помош на тврд предмет, го скршиле задното стакло на автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот осомничен влегувал во возилото преку отворот, другиот внимавал да не наиде некој.

Од автомобилот, марка БМВ, во сопственост на бугарска фирма и управуван од бугарски државјанин, осомничените украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети. Потоа, со сопствено возило го напуштиле местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерки на претпазливост за двајцата осомничени. Побарано е забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, привремено одземање на патните исправи и редовно јавување на определено службено лице во Судот.

Истражната постапка продолжува, а надлежните органи ќе ја следат ситуацијата за понатамошни активности.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното