Бран поплави природен базен и однесе пливачи – четири лица загинаа на Тенерифе!

Четири лица загинаа, а едно е исчезнато откако силен бран однесе група пливачи на море на шпанскиот остров Тенерифе во неделата. Трагедијата се случи на популарна туристичка локација, објави Скај њуз.

Веднаш по несреќата започна голема спасувачка операција со употреба на џет-скии и хеликоптери. Спасувачите ги пронајдоа телата на 35-годишен маж, 55-годишна жена и уште едно лице чии податоци не се објавени. Четвртата жртва, жена која беше реанимирана на местото на настанот, почина еден ден подоцна, во понеделник, во болница. Имињата на жртвите сè уште не се официјално објавени.

Опасна туристичка атракција

Несреќата се случи во природен базен на Исла Кангрехо, на брегот на Лос Гигантес. Базенот е опкружен од едната страна со вулканска карпа, а од другата со бетонска бариера што го одделува од морето. Иако е популарна дестинација, за време на немирно море локацијата станува исклучително опасна бидејќи големите бранови лесно ја прегазуваат бетонската бариера.

„Ги молиме луѓето да обрнат внимание“

Според локалните медиуми, во сила било предупредување за немирно море кога бранот ги однел капачите. Еден медиум објави дека базенот бил затворен за јавноста од 3 декември.

Градоначалникот на Сантијаго дел Тиедео, Емилио Наваро, апелираше: „Ги молиме луѓето да обрнат внимание на знаците поставени од властите. Ова е за безбедноста и заштитата на сите.“ Ова е втора фатална несреќа во Тенерифе за краток временски период. Минатиот месец, бран од плима уби три лица, а повреди 15 за време на лоши временски услови.