Бразил: Влегле маскирани во училиште и убиле најмалку осум ученици - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Бразил: Влегле маскирани во училиште и убиле најмалку осум ученици

Најмалку осум ученици се убиени во денешното пукање во еден двор во училиште во Бразил. Според информациите, група тинејџери маскирани влегле во дворот и почнале да пукаат. Покрај осумте ученици, убиен е и еден вработен во училиштето.

Според полициски извештаи, напаѓачите потоа се самоубиле. Мотивите и натаму се непознати. Најверјатно напаѓачите биле лица кои во минатото го посетувале ова училиште.

Нападот се случил во местото Сузано, додека учениците биле на одмор.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com