Бројот на загинати во стампедото во Индија се искачи на 87

Најмалку 87 лица, меѓу кои жени и три деца, загинаа во стампедо на верски настан во Хатрас, во индиската држава Утар Прадеш, соопштија официјални лица.

Стампедото се случило за време на молитвен состанок. Телевизиите емитуваа снимки од здравствениот дом со неколку тела во присуство на расплакани роднини.

Властите формираа истражна комисија за трагедијата, објави порталот НДТВ. Официјални лица изразија сочувство до семејствата на жртвите.

Ашиш Кумар, судија на областа Хатрас, рече дека според бројките добиени од здравствениот дом, починале околу 50 до 60 луѓе. Официјални лица во областа Етах ја потврдија смртта на уште 27 лица.

Очевидци изјавија дека молитвениот состанок бил организиран во чест на локалниот гуру Бола Баба, а стампедото избило кога толпата почнала да се растера.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното