Бројот на жртви од уривањето на осумкатна станбена зграда во Истанбул зголемен на 21, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Според него, со паѓањето на зградата имало 35 лица и во моментот 14 лица се спасени од под урнатините.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така вчера го посети местото на несреќата.
Зградата во истанбулската населба Картал се урна во средата. Причините за уривањето се предмет на истрага, но турските претставници наведоа дека последните три ката биле кренати нелегално.