Претседателката на Бугарската социјалистичка партија претпладне одржа вонредна прес конференција на која информираше дека добила покана за распит.
„Ве информирам дека вчера ми беше доставена понуда за распит, дека јас треба да се појавам во обвинителстовто и треба со мене да носам записници од состаноци во партијата. Ова е досега невидено. Ве информирам дека јас нема да се појавам, а согласно членот на законот, еве тука сум нека дојдат да ме приведат“, рече на вонредна прес конференција Корнелија Нинова.
Таа рече дека во најкус можен рок за оваа ситуација ќе ги информираат сите европски институции.