Бугарскиот премиер Кирил Петков, во придружба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во сабота ќе ја посети Битола.
Од македонската Влада за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека тие доаѓаат во Македонија на сопствена инцијатива. Ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава.
Како што сега стојат работите, според сеуште непотврдени информации, бугарскиот премиер Петков ќе допатувал со хеликоптер и би присуствувал само на активностите во Битола по што веднаш би се вратил во Софија, пишува НОВА.
Сите останати ќе оделе во недела во Охрид каде ќе се отворела читална.
Посетата е во функција на промовирање на повеќе проекти за бугарската заедница овде меѓу кои и проектот да се донесе литература, книги и весници на бугарски јазик за опремување на читалната во Охрид.