Бухова со реакција: Додека бев директорка немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани и се одраз на политички реваншизам

Екс директорката на ДЗСИ Ирина Бухова се јави со реакција по повод заклучоците за нејзина политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија.

„Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија.

ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај.

Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции.

Според тоа предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам. Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација“, вели Бухова.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното