Бушати: Со гласањето на договорот од Преспа се отвори патот кон ЕУ и НАТО

Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, на Твитер напиша дека со финалното изгласување на Договорот од Преспа, на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки!, напиша Бушати.


Извор: ТВ21