Чавков не поднел барање за амнестија

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите.

Од Кривичниот суд не соопштуваат имиња, но во јавноста се познати најголемиот број на оние кои не сакаат амнестија. Јане Ченто испратил писмена изјава дека нема да бара амнестија, истото во судница пред неколку рочишта го кажа и Игор Југ, а пејачот Игор Дурловски вчера на Фејсбук објави дека и тој нема да поднесе барање. Листата од оние кои не побарале амнестија ја дополнува и Душко Лазаров од МВР чија одбрана вчера за дел од медиумите потврди дека и тој нема да бара амнестија.

Се вчитува...

Извор: ТВ21