Додека багерите расчистуваа делови од клисурите, десетици луѓе се собраа на крајбрежјето кај Царево, соседна Бугарија, следејќи ја гласината дека поплавата однела сеф со пари и вредни предмети.
Според непотврдени информации, наводно биле пронајдени 12 илјади лева, што дополнително ја разбуди љубопитноста и надежта на присутните.
Властите сè уште не излегоа со официјална потврда за наодот.