40 лица починаа од здраствени компликации настанати од грип во Босна и Херцеговина, од кои 37 на подрачјето на Република Српска.
Во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37, соопштија здраствените власти.
Нови четири случаи со смртни последици од грип се пријавени во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка.