Четири жени повредени во сообраќајка на македонско-албанската граница

Најмалку четири македонски државјанки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила во близина на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, на албанска страна.

Албанските медиуми јавија дека повредени се четири жени, кои веднаш биле пренесени на лекување во болницата во градот Либражд.

Според албанската полиција, несреќата се случила во момент кога се судриле три возила, а како причина за истата се наведуваат лошите временски услови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното