Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски и полицаец Ангел Сарамаков од Велес кој беше приведен завчера на паркинг пред хотел во Велес, за одавање службени тајни на Министерството за внатрешни работи, доби притвор од 30 дена.
Официјални информации на кој одавал службени тајни нема, а медиумите неофицијално објавија дека се работи за криминалната група Грчец.
За кривичното дело „оддавање службена тајна„ казните се од една до 20 години.