Чола титулата и ја препушти на својата ќерка: Уна е попопуларна од мене, таа има свои обожаватели

Здравко Чолиќ неодамна одржа концерт во Црна Гора, на кој присуствуваа и неговите ќерки Уна и Лара.

Чола признава дека не му пречи што неговата ќерка му ја „украде“ славата за кратко време, и открива дека таа дури има и свои обожаватели, но дека и двете наследнички ги обожуваат неговите песни.

„Уна сега е попопуларна од мене. Таа има свои обожаватели … Шала на страна, се е добро, нека биде. Но, мојата друга ќерка Лара всушност ме воодушеви со тоа како ги знае моите песни. И двете беа во публика и прекрасно е што ги знаат моите песни. Уживаа и тие. Ги видов од сцената. Ја пееја секоја песна со мене и тоа ме прави среќен“, изјави Чола за списанието Нина.

Чолиќ долги години живее во хармоничен брак со сопругата Александра, која му е голема поддршка во неговиот живот.

Како што вели, жената и неговите ќерки имаат апсолутно разбирање за фактот дека тој често не е дома со нив поради настапите.

„Не ме обвинуваат за ништо. За што ме обвинуваат? Се сакаме … Знаат и навикнати се да сум многу посветен во музиката. Иако повеќе го сакам моето семејство, музиката е таа што повторно ми дава задоволство. Нема ништо поубаво од звукот на инструмент што го носи ритамот“, изјави Чола за списанието.