Д-р Чибишев: Од пожарот во Трубарево се ослободуваат екстремно токсични гасови, граѓаните да не излегуваат или отвораат прозорци!

Пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад во Трубарево предизвика сериозна загриженост кај стручната јавност. Д-р Андон Чибишев, познат специјалист, јавно предупреди за опасноста од токсични гасови кои се ослободуваат при горењето на ваков тип отпад.

Според него, пожарот ослободува екстремно токсични гасови, меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, флуорводород, како и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен. Овие отровни материи можат сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните, особено на децата, бремените жени и хронично болните лица со срцеви, белодробни и малигни заболувања.

Д-р Чибишев апелира до граѓаните да преземат итни мерки за заштита:

  • Да ги затворат прозорците на своите домови.
  • Да не излегуваат надвор без посебна потреба.
  • Сите кои поседуваат прочистувачи на воздух да ги вклучат и да работат со најголем капацитет.

Ова предупредување доаѓа како дополнителен апел покрај претходните препораки од Институтот за јавно здравје, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата и потребата за итна реакција на населението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.