Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ разговара со израелскиот амбасадор во Србија Јахел Вилан откако Милош Жујовиќ, личност позната по неговото насилно минато, вчера го рани припадникот на жандармеријата Милош Јовановиќ (34) со самострел пред израелската амбасада во Белград.
„Сакам да му се заблагодарам на амбасадорот на Израел што го посети полицаецот кој беше ранет пред амбасадата. Овој терористички напад беше пресечен во „пупка“ бидејќи жандармот го совлада и ликвидираше. Тој најпрвин го обиколил градот до Синагогата, а откако беше таму полицијата, продолжи, стигна до амбасадата. Од тоа се јасни главните цели“, изјави Дачиќ.
Амбасадорот на Израел во Србија му се заблагодари на министерот Дачиќ и изјави дека посетата на Жандармеријата е првиот среќен момент во последните 24 часа.
„Среќен сум поради состојбата во која се наоѓа жандарот и сакам да им се заблагодарам на лекарите што му го спасиле животот, мала е разликата помеѓу состојбата во која се наоѓа сега и она што би го нарекле „не дај Боже“. Беше важно за да ја изразам мојата благодарност во неговото семејство, амбасадата и народот на Израел, бидејќи ние знаеме што е тероризам, денес тоа е Израел, а утре е Европа“ изјави Вилан.
Вилан додаде дека и е благодарен на српската полиција, како и дека е сигурен дека Србија се уште е безбедна како што беше вчера пред нападот.
Самострел купен во Земун, уапсени 3 лица
Дачиќ изјави дека по нападот на жандармите биле извршени претреси на повеќе локации и дека се уапсени неколку лица. Тој додаде дека сопругата на убиениот терорист два дена пред нападот ја напуштила Србија и отишла во Црна Гора.
„При претресот на неговата куќа најдовме и потврда. Тој ден пред терористичкиот напад во продавница во Земун за 6.700 динари купил самострел“, изјави Дачиќ.
Како што изјави, Игор Деспотовиќ е приведен, а тој исто така и пред неколку години беше осуден поради повикување на џихад, а постапката против него е во тек.
„Беше во блиски односи со Жујовиќ. Покрај него, приведен е и К.Б. од Нови Пазар, кај него е пронајден елек со знамето на ИСИС. Исто така, Х.Ш., државјанин на Босна и Херцеговина, е приведен, кој нема одобрена дозвола за престој и ќе му биде наредено да се отстрани од Србија“, додаде Дачиќ.
„Во куќата на едно од лицата кои биле предмет на претрес, пронајдена е снимка на која тој со нож се заколнува на верност на ИД. Обвинителството вели дека нема кривично дело, но сметаме дека е кривично дело “, рече Дачиќ.
Дачиќ прикажа и видео кое е пронајдено при претресот на куќата на еден од осомничените, на кое се гледаат ножеви и знамето на ИД.
Министерот додаде дека врз основа на видеото секој може да процени дали се работи за тероризам или не.
Ивица Дачиќ, министерот за полиција, рече дека пукањето во израелската амбасада е „терористички чин против Израел и Србија“.
Потсетуваме, терористот Милош Жујовиќ (25) нападот го изврши со самострел, иако жандармот, кој беше тешко повреден со стрела во вратот, возврати и го уби напаѓачот.
Под сомнение дека бил во контакт со Милош Жујовиќ, уапсен е и Игор Деспотовиќ, кој во април е осуден за поттикнување извршување на терористички акти.
