Коосновачот на „Алибаба“, милијардерот Џо Цаи купил станови за 157 милиони долари во најпрестижната апартманска кула во Менхетен.
Цаи, кои во исто време е сопственик и на НБА тимот Бруклин Нетс, купил два стана кои заземаат целосно два спрата за вкупно 157,5 милиони долари, што всушност претставува трета најскапа недвижност некогаш продадена во САД.
Најскапиот стан досега продаден во САД се наоѓа во истата зграда и зазема четири спрата, а го купил мнозинскиот сопственик на хеџ фондот Цидател и инвеститор Кен Грифин за 238 милиони долари.
