Мирисот на сланина или хамбургер ве привлекува во ресторан за брза храна?
Во едно ново истражување се вели дека она што го чувствуваме во носот има голема врска со она што ви го кажува стомакот, односно истражувачите од северозападниот Универзитет во Еванстон, Илиноис велат дека чувството за мирис е всушност посилно кога сте гладни отколку веднаш по јадењето.
Тие откриле дека човековиот нос станува помалку чувствителен на мирисот на одредена храна, ако личноста штотуку го изела тој производ, па така на пр., луѓето, помалку „ќе копнеат“ за кифличка со цимет ако ја помирисаат, откако само што изеле една таква, додека пак мало навестување за мирис на цимет ќе натера некој да ја купи, додека се уште не ја вкусил.
Скенирањето на мозокот на учесниците кои дегустираа кифли со цимет или пица, покажа дека луѓето послабо реагираат на мирисите од храната после јадење.
Наодите откриваат и дека мирисот не игра само улога во она што го јадеме, туку и во развојот на самото чувство за мирис.
Авторите додаваат дека ова може да помогне за поурамнотежена исхрана, бидејќи човековиот нос, „со малку вежба“ ќе бара и поразновидно мени.