Дали ова значи дека се смириле? Кање Вест и Ким Кардашијан позираа заедно пред ресторан

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер Кање Вест беа фотографирани пред ресторан во Малибу, со што предизвикаа лавини коментари дека тие двајца се повторно заедно.

На фотографиите објавени од странските медиуми, Ким за ова излегување носеше виолетов комбинезон и кафеава јакна, додека на сето тоа додаде и темни очила за сонце. Кање беше целосно облечен во црно.

Да потсетиме, тие раскинаа на почетокот на годината, бидејќи, како што кружеа гласините, Кање ја изневерил старлетата. Исто така, се вели дека тој го признал тој чин во неговата нова песна.