Многумина веруваат дека стјуардесите ги пригушуваат светлата во авионот за да можат патниците да спијат. Но, не се работи само за тоа.
Затемнувањето на светлата во авионот е неопходно од важна безбедносна причина.
„Светлата се затемнети за да може вашиот вид да се прилагоди што е можно полесно за да ви помогне да го евакуирате авионот во случај на несреќа“, рече Сју Фогвел, стјуардеса на авиокомпанија.
Имено, на човечкото око му се потребни 10 до 30 минути за целосно да се прилагоди на темнината. Затемнувањето на светлата им овозможува на патниците подобро да ги видат подните светла што водат до излезите во случај на евакуација.
Стјуардесите ќе ги запалат светлата и да е дневен лет за да не се „заслепуваат“ патниците при слегувањето.
– Подигнувањето на завесите за време на полетувањето и слетувањето им олеснува на стјуардесите да ги проценат надворешните опасности, како што е пожарот, кои би можеле да ја попречат евакуацијата – изјави пилотот Патрик Смит.
Ако нешто се случи за време на полетувањето или слетувањето, вашите очи ќе се прилагодат на надворешното светло, што ќе ви овозможи да реагирате побрзо, пренесува Travel and Leisure.
