Дали знаевте дека цената на флашираната вода во Грција е регулирана?
Додека во Македонија цената на водата се движи од 20 до 80 денари за литар, решивме да провериме каква е состојбата во омилената дестинација на Македонците, Грција.
Имено, според информациите од терен, цената за 500 мл шише вода е регулирана и истата може да се продава за најмногу 0,50 евра (околу 30 денари) или за 1 литро 1 евро (60 денари).
Овде мора да се нагласи дека овие цени важат само за продавници и супермаркети, додека пак во рестораните има друга цена.
Во зависност од ресторанот, вработените можат (без да ве прашаат) да ви донесат шише вода на масата бесплатно, но може и да ви ја наплатат според нивни цени.
Вообичаено цената на едно шише вода се уште е околу 1 евро за литар, но на полуксузните места може да достигне и до 3 евра.