Даниела во Грција уживала за 5 евра: Толку платила за 2 кафиња, лежалка и чадор!

„Додека разговарате за цените на лежалките, јас уживав за 5 евра“: Данијела раскажа како го поминала одморот во Грција и луѓето биле воодушевени

Колку чини изнајмување стан, превоз, пресметување колку се троши дневно на одмор, скапи ли се лежалките, преплаќате ли за кафе на плажа… сето тоа се прашања кои за жал неминовно одат со летување. Сепак, една Србинка покажа дека можеби може и поинаку.

Данијела на Фејсбук групата Грција инфо напиша објава каде нашинците оставаат коментари за одморите во Грција, за тоа како успеала да ужива и да се одмори за малку пари.

„Во морето од дискусии за лежалки, гужви, цени… (што морам да признаам дека не го прочитав внимателно) сакам да ви претставам една поинаква приказна.

Има некои плажи, без лежалки, барови, раскош…со кристално чисто море опкружено со шума. Невиденото уживање е тука!

На плажата на сликата има мала кантина импровизирана од камион. Ако го користите нивниот паркинг, изнајмите чадор во мензата и купите две пијалоци (сите за 5 евра), ќе си поминете одлично и ќе сакате да им доплатите!

Ги храневме мачките, целото семејство! Ова е плажата Врасидас, Кавала!“, напиша таа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното