„Ден на гравот“ во Теарце, тетовскиот грав го има се помалку на пазарите

Ова е тетовски грав, познат производ во Тетово, регионот но и пошироко. Денеска се наоѓаме во Теарце каде секоја година се организира манифестацијата „Денот на гравот“.

Мирко Ѓорѓев го најдовме како подготвува грав. Го прашавме која е најпосебната карактеристика на тетовскиот грав и како тој се разликува од другите.

Дванаесет години по ред оваа манифестација се организира во Теарце. Организаторот, Метин Мухареми, вели дека првичната цел била да се поддржат земјоделците, а сега веќе стана манифестација која привлекува многу посетители.

„Годинава е дванаесеттата едициа на оваа манифестација и истата ги прекрши етничките бариера но и меѓуграничните бариера бидејќи немаме посетители само од државата, туку и од Косово и Албанија кои се дел од проектот кој има за цел поддршка на земјоделците, чија цел е зголемување на активностите за младите во руралните зони бидејќи настанот се организира со над 20 волонтери и активисти кои работат заедно со централната организација за развој ЦЕД“, вели Мухареми.

Универзитетскиот професор, Алирами Сали, вели дека климатските промени последните 5 години се причината поради која има се помалку тетовски грав по пазарите, бидејќи процесот на садење е тежок и нема работна сила.

„Во врска со брендирањето, има неклку фактори иако имам информации дека се работи во тој правец, ни се појавуваат проблеми од аспект на одгледувањето, имам информации и имам практично искуство дека во последната деценија немаме иста количниа на произведен грав сега и пред десет или петнаесет гпдини. Тој недостиг или тоа намалување на производната површина се должи на промената на климатските услови, глобалното затоплување, но и како резултат на работната сила која е неопходна за берба на оваа култура“, изјави Сали.

Сонцето и влажноста кои се присутни во полошкиот регион се причините поради кои гравот е попосебен, но за жал секоја година се помалку се произведува овој производ поради тоа што земјоделците се откажуваат од земјоделството но и поради киматските услови.