Тој е еден од седумдесетмината апостоли.
Бил епископ прво во Атина, а потоа во градот Магнезија. Кондрат бил добро запознаен со светската мудрост и исполнет со благодатта на светскиот дух. Пострадал од незнабошците во Магнезија.
Прво бил тепан со камења, а потоа оставен во затвор да умре од глад. Пострада околу 130 година по Христа.