Денеска – 17 ноември е светскиот ден на баклавата, миленикот на милиони луѓе во различни делови на светот, јавува турското Министерство за култура и туризам.
Светскиот ден на баклава е празнување на вековната традиција која потекнува од Месопотамија, а сега се слави на сите континенти. Десертот се смета за еден од највкусните во турската кујна, а покрај уникатните вкусови, зад него се крие и богата историја.
Со своите крцкави над 40 тенки кори, прелиени со шербет и исполнети со мелени ф’стаци, ореви или други јаткасти плодови, баклавата е совршен десерт за многумина.
Подготовката на баклавата во кујните на високите претставници во Отоманската империја била усовршена само од специјално обучени мајстори, а била задолжителен дел од менито на прославите и церемониите.
Пренесена од генерација на генерација со традиционалниот вкус и сложениот рецепт, баклавата е незаменлив дел од секој оброк. Послужувањето за време на посебни денови како што се свадби и сите видови празници е вредна традиција.