Денков: Прашуваат зошто ја блокираме Северна Македонија, а јас прашувам зошто е проблем Бугарите да се внесат во Уставот

Бугарскиот премиер Николај Денков прашува зошто се проблематизира прашањето за весувањето на Бугари во Уставот на Македонија. Тој денеска учествуваше на панелот на Бледскиот стратешки форум од кој дел беше и македоснкиот премиер Димитар Ковачевски.

„Ме прашуваат зошто ја блокирате Северна Македонија поради измените на Уставот. Да поставам друго прашање зошто би имало проблем Бугарите да бидат внесени во листата на десет народи кои се вклучени во Уставот. Лично ова не е мој личен проблем туку политички проблем, кој е дел од преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија и се надевам дека ќе се реши“, кажа Денков.

Денков во интервју за 24 часа дека нема да се смени ставот кон Македонија под евентуален притисок од ЕУ доколку не поминат уставните измени. Всушност, вели, прашањето за уставните измени повеќе не е прашање меѓу двете соседни држави туку меѓу Македонија и ЕУ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното