Десет нездрави, но популарни коктели

Убави се и освежувачки, но не се здрави.

Ниту еден коктел не е здрав, но некои се полоши од другите. Многумина имаат многу шеќер и калории, а ние всушност не ги регистрираме затоа што ги пиеме, а не ги јадеме.

Џулеп со нане

Нешто повеќе од 2 dl од овој коктел содржи повеќе од 400 калории и околу 13 грама шеќер. Содржи бурбон, шеќерен сируп и листови од нане.

Long island

Направено е од џин, бел рум, текила, вотка, ликер Triple sec, шеќерен сируп, сок од лимон и кола. Во нешто повеќе од 2 dl има повеќе од 240 калории и 19 грама шеќер.

White Russian

Во нешто повеќе од 2 dl има 396 каори и 21,5 грама шеќер. Се прави од вотка, калу и слатка павлака.

Mudslide

Една чаша мартини од овој коктел има исти калории како и едно чоколадо. Овој пијалок се состои од вотка, ликер Калу, ирски крем ликер и слатка павлака. Некои ќе додадат и чоколаден сируп. Содржи 384 калории и 23,8 грама шеќер.

Мохито

Овој коктел има 203 калории и 25,5 грама шеќер. Се прави од бел рум, шеќерен сируп, минерална вода, сок од лимета и листови од нане.

Маи Таи

Има 351 калории и 30,4 грама шеќер.

Маргарита

Има 274 калории и 36,1 грама шеќер. Ова е еден од најслатките коктели.

Whiskey Sour

Има 277 калории и 36,2 грама шеќер.

Замрзнато Daiquiri

Има 286 калории и 39,7 грама шеќер во нешто повеќе од 3 dl. Има само три состојки – рум, сок од лимета и шеќерен сируп Демерара.

Пинаколада

Малку повеќе од 2 dl пинаколада има 39,6 грама шеќер, а многу кафулиња ја служат во двојно поголеми чаши, па затоа е уште повеќе. Има и 340 калории. Се состои од бел и темен рум, крем од кокос, сок од ананас и свеж ананас, пишува Eat this not that.