Деспотовски нема да земе апанажа, вели неоправдано е носителите на јавни функции да се на ТОВАР на граѓаните!

Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ.

Во врска со апанажата, тој истакна дека нема да земе.

Деспотовски вели немал никаков притисок од политичкиот опонент. Мандатот му бил до декември, но поради „новата политичка реалност“ се одлучил на ваков чекор, да поднесе оставка. 

„Не. Навистина не мислам дека е оправдано носители на јавни функции и на поголеми позиции да остануваат на товар на граѓаните. И ако сме навистина толку способни сите да обавуваат одговорни функции, навистина не мислам дека не можеме понатаму, ако сме оставиле „чист образ“, да се снајдеме и да функционираме како сите останати, потенцира Деспотовски“, истакна Деспотовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното