Амир Пашиќ или Фаќо е ранет во престрелката што се случила во центарот на Сараево, јавува Н1 Сараево.
МУП на Кантон Сараево ги соопшти деталите, но не прецизираше за кое лице се работи.
„Околу 20:00 часот полициско одделение Стари Град било известено дека на улицата Владислав Шкариќ било употребено огнено оружје. Со излегување на терен полициските службеници ги потврдиле наводите од пријавата. Едно лице се здобило со прострелни рани и во моментов е на лекарска помош. Поради брзата реакција на полициските службеници, веднаш по настанот се приведени две лица. Повеќе информации по истрагата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на Кантон Сараево.
Инаку, Пашиќ е лице познато по своите криминални активности и е осудено, според N1 Сараево.
Во последно време е познат по објавите на TikTok каде, велат, често упатува разни закани и договара конфронтации.
