Децата преку цртеж ќе ја сочуваат народната култура и творештво

НУ Центар за култура Битола е организатор и домаќин на дводевната детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, која денес и утре се одржува во Битола, во рамките на активностите поврзани со 48-мото издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Ученици од основните училишта во Битола, Ресен и Охрид, ќе бидат дел од работилницата каде што ќе изучуваат повеќе техники за цртање, меѓу кои сликање акварел и изработка на мозаици, а ќе се запознаваат со традиционалните обичаи преку етно филмовите кои ќе бидат прикажани во рамки на работилницата.

„Фолклор е приказна, музика, танц, легенда, раскажана историја, обичаи и се друго што опфаќа културата и традицијата на еден народ. Народниот фолклор го има насекаде околу нас, во архитектурата, музиката, ората, инструментите, во народните носии и во речиси се што не опкружува, а тоа секое дете треба да го знае“, истакна директорката на НУ Центар за култура Битола, Маја Андоновска Илиевски.

Во дводневнаа ликовна работилница, децата ќе творат и создаваат заедно со нивните обучувачи, кои доаѓаат од различни области, така што и знаењето на децата ќе биде проширено во различни насоки. Предавачи на работилниците се Мери Стојанова – доктор на етнолошки науки, Тони Николовски-конзерватор, и професорите по ликовна уметност, кои воедно се и академски сликари, Александар Поповски и Панде Петровски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното