Успехот не е преку ноќ. Тоа е кога ќе станете малку подобри од претходниот ден. Сето тоа се собира, со денови, години, па потоа успехот доаѓа. Ние денеска броиме 9 години. На 21 септември 2015 година, во медиумскиот простор во Македонија, ТВ21 почна со емитување на програмата. Девет години подоцна, и натаму го градиме нашиот успех. Се наметнавме како една сериозна, кредибилна, максимално избалансирана телевизија, која секогаш е на страната на граѓаните. Во изминатите години добивме бројни признанија, кои претставуваат поголема мотивација, но и поголема одговорност во она што досега го правевме и ќе го правиме во иднина. Обврската кон гледачите и граѓаните е голема, а ние сме свесни за тоа, па продолжуваме во исто темпо.
СЛЕДЕТЕ НЕ:

