Џафер Долек требал да биде во автобусот кој изгоре – погрешно чекираниот багаж му го спасил животот

Џафер Долек, еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса-транс“ по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.

Долек, требал да влезе и да ги чекира куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот бидејќи имало место.

Ова за телевизија Сител го раскажа таткото на Џафер кој вели дека само Господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со својот син кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје, при што му кажал дека еден од автобусите имал несреќа.

Според новите информации, на автопатот „Струма“ во Бугарија во пожарот на автобусот на „Беса-транс“ животот го загубиле 44 лица, а 8 биле спасени.

Поврзани вести

Продолжува потрагата по преживеани од вулканска ерупција во Индонезија

Спасувачите во Индонезија продолжуваат со потрагата по преживеани по силната вулканска ерупција на островот Јава. Загинаа 14 лица, а десетици беа повредени. Аматерско видео снимено од...

Италија воведува супер зелен сертификат

Таканаречениот суперзелен сертификат во Италија од денеска стапува на сила. Ќе важи до 15 јануари следната година. Само оние кои се вакцинирани и излечени од СОВИД-19 добиваат суперзелен сертификат.

Согласно истрагата секој ќе поднесе одговорност, рече Бочварски

Министерот за транспорт и врски вели дека истрагата ќе ги даде одговорите на прашањето, кој треба да сносни одговорност за трагедијата во Бугарија при што загинаа 45 лица. Бочварски...

НАЈУБАВИТЕ УКРАСИ ОД АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА: Претворете го вашиот дом во вистинска празнична бајка! (ФОТО, ВИДЕО)

Не мора да трошите пари на скапи украси за Нова година, туку направете ги најубавите новогодишни аранжмани од работите што веќе ги имате во куќата. Од алуминиумска фолија можете...

Најважното

Согласно истрагата секој ќе поднесе одговорност, рече Бочварски

Министерот за транспорт и врски вели дека истрагата ќе ги даде одговорите на прашањето, кој треба...

Средба Османи- Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник...

Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што...

Ескобар во Скопје – какви пораки носи?

Специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, денеск ќе престојува во официјална посета на копје. За време на посетата Ескобар ќе се...

Кичево со најзагаден воздух во земјава! Дали загадувачот е РЕК Осломеј?

Кичево е еден од градовите кој дише најзагаден воздух во последниве недели, покажуваат статистиките од мерењата на Министерството за животна средина.