Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го пречека новиот амбасадор на Косово, Ѓерѓ Дедај, кому му посака добредојде и успеси на новата задача. Џафери вели дека односите меѓу Македонија и Косово се одлични и истовремено изрази благодарност за постојаната поддршка во овој правец. Двајцата соговорници истакнаа дека меѓу-парламентарните односи меѓу двете земји се многу важни, особено во рамките на подготовката на фазата за отпочнување на преговорите за членство во НАТО и ЕУ. Амбасадорот на Косово во Скопје, Дедај изрази задоволство поради новата функција. На средбата, се дебатираше и за досегашната соработка меѓу двете земји, како и за можноста за продлабочување и продолжување на добрите билатерални односи.
„Со претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери остварив средба на која ми посака добредојде во Македонија. Бевме фокусирани на меѓусебните информации за состојбата и настаните во Македонија и Косово. Ова беше прва средба и не навлегувавме во други прашања и детали“, изјави Ѓерѓ Дедај, амбасадор на Косово во Македонија.
