Автомобилскиот гигант „Џенерал Моторс“ на својата официјална веб страница објави дека се повлекуваат над 73 илјади електрични автомобили од серијата „Шевролет Болт“ од пазарот.
„Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие возила можат да дадат дефекти, што го зголемува ризикот од пожар”, се вели во соопштението.
Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.