Џорџина на Роналдо заврши во болница, откри што и е: „Сега сум подобро, закрепнувам…“

Џорџина Родригез на социјалните мрежи откри дека била во болница, но била пуштена, еве зошто.

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез извесен период исчезна од јавноста и не беше присутна ниту на социјалните мрежи, а сега откри што и се случило.

Џорџина на своите многубројни следбеници на социјалните мрежи им откри дека поминала четири дена во болница во Саудиска Арабија.

„Конечно сум дома“, напиша таа на Инстаграм, откривајќи дека поминала четири дена во болница со пневмонија.

„Сега сум подобро, но сè уште се опоравувам дома со моето семејство“, напиша таа и заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал кој се грижеше за неа и нејзиното здравје додека беше во болница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното