Пробајте го ова мени сами и доведете ја линијата до совршенство до лето
Јелена Карлеуша со години важи за една од најзгодните јавни личности кај нас и пошироко. За атрактивниот изглед делумно е заслужна и генетиката, но и планот на исхрана кој го следи со години.
Ние веруваме дека совршено извајаните мускули се делумно одговорни за енергичните перформанси. Но, денес се занимаваме со нејзината исхрана.
Како што еднаш признала, била на строга диета кога имала 75 килограми, а нејзината исхрана се базира на здрава храна, пишува порталот Србија Данас.
Менито се состои од оброци без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Јаде и многу овошје и зеленчук.
ПРИМЕР НА 3 ДНЕВНО МЕНИ:
Прв ден
Појадок: Кашкавал со малку маснотии 400 грама, две кришки интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата
Вечера: Салата од тиквички
Втор ден
Појадок: овесна каша 4 лажици, микс од овошје, чиа семе
Ужина: 300 грама цреши
Ручек: Печена боранија со зеленчук, салата
Вечера: Јогурт 360 милилитри и салата
Трет ден
Појадок: Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Печурки со зеленчук
Вечера: чорба од компири