Во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски изјави: „вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот“.
-Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски.