Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред пристигнувањето на Мајк Помпео во Охрид, истакна дека очекува Македонија да стане 30-та членка на НАТО идната година.
„Во првичното планирање од службите на НАТО, добивме мислам некаде 1-ви август беше, начелен план дека формалното членство ќе се случи март-април идната година. Процесот оди многу брзо, овие денови се заврши процедурата да речеме во Парламентот во Лондон и следниве неколку дена МНР на Велика Британија ќе го потпише Пристапниот протокол. Помина и во Комитетот за надворешни работи на италијанскиот Сенат. Исто за две недели ќе се заврши процедурата се надеваме и во Сенатот таму, така што работите си течат. Шпанија има избори и ќе биде многу мало времето од формирањето на новиот шпански Парламент врз основа на исходот од изборите, дали ќе успеат тоа да го завршат до 4-ти декември, кога ќе биде Самитот. Она што е клучно е дека е членството извесно. Ние ќе бидеме таму претставени, убеден сум на највисоко ниво и ако не биде таму членството ќе биде многу брзо потоа, па ќе имаме две прослави.“, рече Димитров.