До каде ќе стигне светот со истополовите бракови, праша поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.

@До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва“, рече г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното