Македонија

До петок пеколно топло – викендот дестабилизација

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. В петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Денеска ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе услови ќе има во западните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни