Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели – ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.
Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.
Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.
Еве како изгледа нејзината нова љубов:
Таа денеска живее на релација Србија-Кина, бидејќи нејзиниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ потпиша милионски договор со фудбалски клуб токму од Кина, а сега планираат да купат и авион како би патувале полесно.
Меѓутоа, пејачката се присети на своите почетоци и откри колку и било тешко на почетокот на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоашто немала пари да си купи.
-Кога почнував во 95та, во момент на војна, морав да се снаоѓам, затоашто тоа што сакав да го носам, ниту можев да го носам, ниту имав каде да го купам, а немав ни како да го купам- беше искрена Карлеуша.
-Многу често немав да си купам ниту чорапи. И се сеќавам на моето прво појавување, имав страшна трема, а се појавив во фустан од сребро, позајмен матријал, а немав ниту чорапи.-открива пејачката во една емисија и додава:
-Имав страшна фризура, пренашминкана за девојка од 16 години. Излгедав 10 години постаро.


