Првите сончеви денови на одмор, останувањето подолго под жешкото сонце, како и недоволната заштита предизвикуваат изгореници, па затоа доколку не сте добро подготвени можете да завршите со црвена кожа, која подоцна малку боли.
Дерматолозите јавуваат за брз и едноставен лек кој сигурно многумина го имаат во фрижидерот.
Се работи за ладно млеко, а според советите, тоа ќе го ублажи црвенилото, печењето и болката.
Се што треба да направите е да потопите газа во ладно млеко и да ја ставите на болните и црвени места, а кожата може брзо да започне да се лупи доколку сте многу изгорени, велат дерматолозите.
Откако облогата ќе се засуши, направете нова и менувајте се додека болката не се намали.
Тие додаваат дека витамините и лактозата од млекото ќе помогнат кожата да се опорави, а многу брзо ќе го ублажи и непријатното чувство на топлина.