Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека кога оди во Сараево на работа, не ја пие ни „нивната вода“ бидејќи се плаши дека некој може да го отруе.
„Воопшто не ми е гајле, ни јадам, ни пијам кога одам во Сараево. Ќе ми расипува ли некој јадење? Не треба да бидам наивен, некој може да ме труе“, изјави Додик во синоќешното интервју за радио и телевизија на Република Српска (РТРС).
Тој додаде дека „нема што да биде добронамерно“.
„Не им ја пијам водата. И денес кога одам во Сараево, шишето е тука“, рече Додик покажувајќи кон џебот од јакната.
Тој додаде дека „не му е грижа што мисли некој за тоа“.