Законодавците можат да бидат доста креативни кога ги донесуваат правилата за возење, а во оваа европска земја дојдоа до необично ограничување.
Во Шпанија, имено, ако возите во зимска јакна или капут, може да бидете казнети и до 200 евра.
Идејата зад ова правило е дека зимската јакна ве ограничува при возење, односно ви ги ограничува движењата зад воланот, истото важи и ако носите шал или ракавици.
Тестовите на германскиот автомобилски клуб покажаа дека може да имате друг вид на проблем со зимската јакна.
Имено, се верува дека јакната ќе ви оневозможи правилно да го затегнете појасот, бидејќи може да ви се лизне преку стомакот и да ви ги повреди внатрешните органи.
Поради полнењето на зимската облека, останува простор помеѓу појасот и телото, па ременот длабоко се засекува во стомакот во моментот на несреќа, што може да предизвика сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината. Може да доведе дури и до внатрешно крварење.
Стресот на внатрешните органи е, затоа, многу поголем отколку ако ременот е поблиску до телото, па затоа строго се препорачува да ја соблечете јакната или барем да ја повлечете преку ременот пред да влезете во автомобилот, пишува Ревијахак.
Исто така, добро е децата да се врзуваат на овој начин или, уште подобро, да не носат дебела зимска облека.