Доктор открива брз метод кој го ублажува болното грло за 15 секунди

Болката во грлото е многу честа појава, особено во студените периоди, иако вообичаено не е причина за загриженост. Д-р Суџај Кукадија, познат по своите здравствени совети на социјалните мрежи, открил едноставна техника од само 15 секунди која може да ја ублажи болката без посета на аптека. Неговиот совет го поддржува и британската Национална здравствена служба (NHS), која потврдува дека болките во грлото најчесто поминуваат сами во рок од една недела.

Д-р Кукадија препорачува гаргара со топла солена вода како брза и ефикасна техника. Потребно е половина лажичка сол да се измеша со половина чаша топла вода и да се гаргара 10 до 15 секунди, а потоа да се исплукне. Според неговите зборови, овој метод механички ги отстранува бактериите, вирусите и дел од гнојот, што може брзо да ја ублажи непријатноста во грлото, пренесува Daily Express.

Откако го споделил својот совет, многу корисници на социјалните мрежи коментирале дека долго време се борат со повторувачки инфекции и исцрпеност и покрај антибиотиците. Некои посочиле дека симптомите постојано им се враќаат, додека еден корисник предложил и алтернативен природен метод – држење каранфилче во устата додека не омекне и благо гризнување за да се ослободи сокот.

За полесно справување со болката во грлото се препорачува гаргара со солена вода, пиење доволно течности, консумирање мека храна, избегнување чад и одмор. Најчестите симптоми вклучуваат болка при голтање, гребење во грлото, црвенило, лош здив, кашлица и отечени жлезди, додека децата може да имаат покачена температура и помала активност.

Со неколку едноставни чекори можно е да се ублажи болката во грлото и побрзо да се врати на секојдневните обврски.