Долго време ја криеше – Вака изгледа ќерката на Дино Мерлин (ФОТО)

Балканската ѕвезда Дино Мерлин денеска полни 56 години. Кантавторот од Сараево изгради успешна кариера за која е заслужна исклучиво неговата музика, без скандали и без откривање на детали од приватниот живот.

Своето семејство, Дино љубоморно го чува само за себе, но во неколку наврати зборувал за сопругата Амела, ќерката Наида и за синот Хамза.

Веќе 28 години, Дино ѝ е верен на Амела, иако од старт не било се толку идилично. Родителите на Амела се противеле на нивната врска, затоа што тој бил сиромав и без перспектива. На крајот, нивната љубов победила.

Круната на љубовта им се ќерката Наида (32) и синот Хамза (26), кои израснаа во амбициозни млади луѓе. Српските медиуми објавија фотографија од приватната архива на Наида Дервишхалидовиќ, која е посветена на информатиката и на интернационалната кариера. Таа заврши постдипломски студии на Универзитетот во Оксфорд.

Наида Дервишхалидовиќ, прва од лево со колегите

„Тато, не ми требе ништо, јас имам се, само побрзо врати се дома“. Така ми вели мојата ќерка која ја прашувам каков подарок да ѝ донесам од Париз или од Њујорк. Таа е многу скромна“, изјави Дино за ќерката.

Мерлин и неговата сопруга се заедно од 17 години,а се оженил со неа на 21 година. Избегнуваат заедно да се појавуваат во јавност, но Дино неколку пати истакна дека таа му е најголема поддршка.

Зад познатиот хит на Дино Мерлин кој сите го знаеме “Кад си рекла да ме волиш”, се крие вистинска и трогателна приказна за која ретко кој знае. Пејачот ја напишал во најтешките моменти додека бил одделен од сопругата Амела.

Дино потекнува од сиромашно семејство, а како тинејџер се заљубил во богатата девојка Амела. Тој учел занает, а таа учела гимназија. Нејзините родители сакале таа да се забавува со момче од иста класа. Така, двајцата се гледале скришно и биле одвоени иако се сакале од 15 години.

Тогаш Дино сосема разочаран ја напишал песната која допре до сечие срце и стана хит.

– Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. По пет години тајно се венчавме. Бешетоа романтична свадба иако својата сопруга буквално ја киднапирав. Само нашиот кум и нејзината сестра стоеја до нас. Постојано гледав кон вратата да видам некој да не ни ја расипе среќата. Потоа отидовме на брачно патување во Дубровник, а потоа се вративме кај мајка ми. Не чекаше голема одговорност, вели Дино.

Тој ја напишал песната во тешките љубовни мигови со Амела.