Домати – силно оружје против срцеви заболувања

Општо познато е дека исхраната богата со зеленчук може да помогне во тоа да се намали опасноста од срцеви заболувања.

Стручните лица анализирале над 100 испитувања, при што се покажало дека некои намирници имаат особено силно влијание во намалувањето на повеќе видови срцеви болести и смртноста притоа.

Научниците ја проучувале врската помеѓу срцевите заболувања и исхраната, односно црвеното месо, пилешкото, јајцата, млечните производи, семињата и житарките, а заклучоците велат дека исхраната со малку месо, а многу зеленчук, е поврзана со помал ризик од смрт од срцеви заболувања.

Оваа опасност може значително да е намалена од земјестите растенија и доматите, а тоа е така зошто доматите се богати со антиоксидансот ликопен, за кој што е докажано дека ја подобрува васкуларната функција и штити од болести.

Покрај тоа стручните лица велат дека замената на путерот, кој е богат со заситени масти, со мононезаситени масти, какви што има маслиновото масло, дополнително го намалува ризикот од срцеви заболувања, а исто така, додаваат дека е доволно да се јаде најмалку две порции зеленчук дневно со цел да се намали тој ризик и до 34 отсто.