Доналд Трамп сака да гледа „Фокс“, а Меланија Си-ен-ен

Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, рекла дека првата дама на САД на нејзиниот телевизор гледа тоа што сака. Гришам одговорила на наводите на „Њујорк тајмс“ дека претседателот Доналд Трамп бил незадоволен од тоа што на телевизорот на неговата сопруга во претседателскиот авион, за време на нивните турнеи по Европа, бил вклучен на Си-ен-ен, а не на „Фокс њуз“.

„Њујорк тајмс“ објави дека Трамп беснеел на својот персонал бидејќи било прекршено правилото – секое патување со прилагодување на ТВ-каналот „Фокс њуз“ на телевизорот во авионот. Трамп е страствен гледач на „Фокс“, додека редовно го критикува Си-ен-ен со тврдењата дека емитува лажни вести.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното